самоук 1

Именка, машки род

Значење на самоук:

Тој што научил нешто сам, без помош од некого или без школување. Некои самоуци се добри колку и образованите.

Множина: самоуци.

Изведени зборови:

  • самоуче, и. ср. дем.
  • самоучки, прид. самоучкиот

Оригинални податоци:

самоук1, мн. самоуци м. Тој што научил нешто сам, без помош од некого или без школување. Некои самоуци се добри колку и образованите. ‖ самоуче мн. самоучиња ср. дем. ‖ самоучки, самоучкиот прид.