самоволен

Придавка

Значење на самоволен:

1. Што работи, постапува според својата волја, без ограничување и без почитување на вообичаеното однесување. Самоволен сопственик. Самоволна младина.

2. Што е без потврда; произволен. Самоволно тврдење.

Членувана форма: самоволниот.

Изведени зборови:

  • самоволно, прил. Самоволно си даде отказ. Самоволно го напушти работното место.
  • самоволност, и. ж.

Оригинални податоци:

самоволен, самоволниот прид. 1. Што работи, постапува според својата волја, без ограничување и без почитување на вообичаеното однесување. Самоволен сопственик. Самоволна младина. 2. Што е без потврда; произволен. Самоволно тврдење. ‖ самоволно прил. Самоволно си даде отказ. Самоволно го напушти работното место. ‖ самоволност ж.