сантиметар

Именка, машки род

Значење на сантиметар:

1. Стоти дел од метарот. Петнаесет сантиметри. Неколку сантиметри.

2. Кројачка направа за мерење должина во вид на лента, на којашто се обележани сантиметрите. Таа со сантиметарот го измери ракавот и виде дека е кус.

Множина: сантиметри.

Членувана форма: сантиметарот.

Оригинални податоци:

сантиметар, сантиметарот, мн. сантиметри м. 1. Стоти дел од метарот. Петнаесет сантиметри. Неколку сантиметри. 2. Кројачка направа за мерење должина во вид на лента, на којашто се обележани сантиметрите. Таа со сантиметарот го измери ракавот и виде дека е кус.