сарма
Кулинарство.
Значење на сарма:
Вид традиционално јадење од ориз и мелено месо завиткано во листови од зелка, лоза, штавеј и сл. Посна сарма. Сарма од стасана зелка.Множина: сарми.
Изведени зборови:
- сармичка, и. ж. дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Дроб-сарма – сарма од ситно исечкани внатрешни органи од јагне и ориз, завиткани во тенка ципа од истото животно.
Оригинални податоци:
сарма, мн. сарми ж. (кул.) Вид традиционално јадење од ориз и мелено месо завиткано во листови од зелка, лоза, штавеј и сл. Посна сарма. Сарма од стасана зелка. ◊ Дроб-сарма – сарма од ситно исечкани внатрешни органи од јагне и ориз, завиткани во тенка ципа од истото животно. ‖ сармичка, мн. сармички ж. дем. и хип.