саска
Значење на саска:
1. Поттикнува со звук што потсетува на продолжено „с“, дразни (куче) да нападне. Го саскаше кучето.
2. (прен., разг.) Подбуцнува, наведува некого на непријателство со друг. Ги саскаше со измислени работи да се караат. Ја саскаш да стане и да си оди.
3. Што дава, произведува звук на саскање. Змија саскаше во близина. Мотиките саскаа. Саскаа стрели над нивните глави.
Коњугација: саскаат.
Изведени зборови:
- саскање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
саска, саскаат несв. 1. Поттикнува со звук што потсетува на продолжено „с“, дразни (куче) да нападне. Го саскаше кучето. 2. (прен., разг.) Подбуцнува, наведува некого на непријателство со друг. Ги саскаше со измислени работи да се караат. Ја саскаш да стане и да си оди. 3. Што дава, произведува звук на саскање. Змија саскаше во близина. Мотиките саскаа. Саскаа стрели над нивните глави. ‖ глаг. им. саскање ср.