сателит
Значење на сателит:
1. (астр.) Помало небесно тело коешто се движи по орбита околу поголема планета; придружник, сопатник. Месечината е сателит на Земјата.
2. Вештачко тело, вселенски брод што се лансира во орбита околу Земјата за разни цели (телекомуникации, вселенски истражувања, шпионажа и сл.) Преносот се вршеше преку сателит.
3. а) (прен., пејор.) Држава којашто се покорува на друга поголема и посилна држава; слеп следбеник. Моќна држава со сите нејзини сателити. б) Тој што се потчинува на волјата на друг, што слепо следи некого, послушник, понизен следбеник.
Множина: сателити.
Изведени зборови:
- сателитски, прид. сателитскиот Сателитски снимки. Сателитски пренос.
Оригинални податоци:
сателит, мн. сателити м. 1. (астр.) Помало небесно тело коешто се движи по орбита околу поголема планета; придружник, сопатник. Месечината е сателит на Земјата. 2. Вештачко тело, вселенски брод што се лансира во орбита околу Земјата за разни цели (телекомуникации, вселенски истражувања, шпионажа и сл.) Преносот се вршеше преку сателит. 3. а) (прен., пејор.) Држава којашто се покорува на друга поголема и посилна држава; слеп следбеник. Моќна држава со сите нејзини сателити. б) Тој што се потчинува на волјата на друг, што слепо следи некого, послушник, понизен следбеник. ‖ сателитски, сателитскиот прид. Сателитски снимки. Сателитски пренос.