се 2
Значење на се:
1. а) Кратка форма за директен објект на повратната заменка себе, со која се удвојува ‒ себе / себеси се; себе. Себеси се фатив во лага.
2. Со глаголи доаѓа во повеќе значења. а) Во состав на повратни глаголи означува дека дејството го врши субјектот врз самиот себеси. Се мие. Се чешла. б) Со значење на заемна повратност. Тие се сакаат. в) Со безлични глаголи и конструкции. Се стемни. Ми се јаде. Таму добро се живее. г) Со преодни глаголи изразува пасивно значење. Се гради нова болница.
3. Во одделни глаголи, кои се необични или не се употребуваат без се, доаѓа како зборообразувачки елемент на лексичката единица, на пример: се смее, се вџаси, се закани.
4. Заедно со сам означува дека дејството се врши без придружба на некој друг. Тој сам се бричи.
Оригинални податоци:
се2 зам. 1. а) Кратка форма за директен објект на повратната заменка себе, со која се удвојува ‒ себе / себеси се; сп. себе. Себеси се фатив во лага. 2. Со глаголи доаѓа во повеќе значења. а) Во состав на повратни глаголи означува дека дејството го врши субјектот врз самиот себеси. Се мие. Се чешла. б) Со значење на заемна повратност. Тие се сакаат. в) Со безлични глаголи и конструкции. Се стемни. Ми се јаде. Таму добро се живее. г) Со преодни глаголи изразува пасивно значење. Се гради нова болница. 3. Во одделни глаголи, кои се необични или не се употребуваат без се, доаѓа како зборообразувачки елемент на лексичката единица, на пример: се смее, се вџаси, се закани. 4. Заедно со сам означува дека дејството се врши без придружба на некој друг. Тој сам се бричи.