сè 3

Заменка

Спореди: сиот.

Значење на сè:

Целиот износ од нешто, сите делови, елементи на даден збир; Му дадов сè. Родила жената сè девојчиња. Од сè срце ти посакувам среќа. Сè или ништо.

Фразеолошки израз / поговорка:

Сè најубаво! ‒ поздрав при разделба, искажување добри желби. Сè на сè ‒ 1. вкупно. 2. накратко кажано. Даде (дава) сè од себе ‒ се залага за нешто во најголема мера. Оди на сè или ништо ‒ подготвен е да ризикува. И што ли сè не ‒ има многу, премногу, не може да се наброи што сè има. И сè така ‒ при набројување, и така натаму, прави сè едно исто. Сè и да е така ‒ како вовед во тоа што следува, што се најавува во искажувањето. Тоа би било сè ‒ како завршна формула при набројување, при подолго излагање и сл.

Оригинални податоци:

сè3 зам. Целиот износ од нешто, сите делови, елементи на даден збир; сп. сиот. Му дадов сè. Родила жената сè девојчиња. Од сè срце ти посакувам среќа. Сè или ништо. ◊ Сè најубаво! ‒ поздрав при разделба, искажување добри желби. Сè на сè ‒ 1. вкупно. 2. накратко кажано. Даде (дава) сè од себе ‒ се залага за нешто во најголема мера. Оди на сè или ништо ‒ подготвен е да ризикува. И што ли сè не ‒ има многу, премногу, не може да се наброи што сè има. И сè така ‒ при набројување, и така натаму, прави сè едно исто. Сè и да е така ‒ како вовед во тоа што следува, што се најавува во искажувањето. Тоа би било сè ‒ како завршна формула при набројување, при подолго излагање и сл.