сече
Значење на сече:
1. Реже сосем или на делови со нешто остро; одделува, прекинува. Жената сечеше крупни дробенки месо. Тој сече дрва. Ги сечеше цигарите со ножици наполу.
2. За предмет со сечило ‒ остар е. Ножов воопшто не сече. Тој нож сече многу убаво, не го троши лебот.
3. а) Отстранува дел од телото при хируршка интервенција, ампутира. б) Убива, удирајќи со студено оружје. Коњаниците сечеа со ками безмилосно сè пред себе.
4. (прен.) За река, пат и сл. ‒ минува низ нешто и го преполовува. Реката Вардар го сече градот Скопје на два дела. Територијата ја сечат многу асфалтни патишта. Планината ја сечат повеќе патчиња. Суводолицата го сече селото.
5. (прен.) За природна појава: а) За ветер, студ (поретко дожд) ‒ предизвикува чувство на штипење, режење на кожата. Северко сече како со нож. Ветрот сечеше, но тие продолжуваа, не застануваа. б) Молња, секавица. Секавици го сечат небото.
6. (прен., разг.) а) Зборува остро, отворено. Тој го сече секого што не се согласува со неговото мислење. б) Гледа остро, со прекор, со лутина. Го сече со очи да престане да зборува, ама на овој не му текнува.
7. Во игра со карти ‒ разделува на два дела шпил измешани карти. Во оваа партија јас сечам, а тој дели.
8. Е сведок меѓу двајца при обложување со пресекување на фатени раце, обично во имератив. Дај рака да се обложиме! ‒ Сега ти (кон сведокот) ‒ сечи.
9. Прекинува оро, пат и сл. Полицаецот им го сече патот на двајцата непознати. Тој го сече орото меѓу двете моми.
10. Прекинува молк со силен тресок. Громот ја сече тишината. Експлозиите ја сечат тишината. 1Пресечува водна површина. Чунот ја сече мирната езерска вода. 12. (мат.) Пресечување во една точка или делење на два дела на еден или повеќе геометриски објекти (права, кружен лак и сл.). Трансферзала е права што сече две или повеќе други прави. Кружниот лак ја сече правата.
Конјугација: секле, секоа , секов , секол , сечат , сечеа , сечев , сечејќи , сечел , сечен , сечете , сечи .
Изведени зборови:
- се ~ сече, 1. За река, пат, улица и сл. ‒ се вкрстува. Оваа улица со главната се сече под прав агол. 2. (мат.) сп. сече 12. Центарот на ротацијата лежи во точката во која се сечат двете симетрали. Двете линии се сечат во една точка.
- сечење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
(Не) му сече умот ‒ (не) е многу паметен. Покорна глава сабја не сече (посл.). Сече пари ‒ заработува многу пари. Сече турски (или друг јазик) ‒ добро зборува некој јазик. Ја сече гранката на којашто седи ‒ си штети самиот на себе со своите постапки. Сече вени ‒ 1. врши самоубиство со сечење на вените. 2. (ирон.) не се потресува многу за некоја работа. Сече пазар (арх.) ‒ се договара со некого за купување или за продавање. Со едно мавнување дрво не се сече ‒ за да се постигне успех, треба да се вложи повеќе напор. Пушка не го бие, сабја не го сече ‒ храбар јунак, борец за народни прави и слободи. Сече лаф ‒ договара некоја работа со некого.
Оригинални податоци:
сече, сечат; сечи, сечете; сечев, сечеа; сечел; сечен; сечејќи; секов, секоа; секол, секле несв. 1. Реже сосем или на делови со нешто остро; одделува, прекинува. Жената сечеше крупни дробенки месо. Тој сече дрва. Ги сечеше цигарите со ножици наполу. 2. За предмет со сечило ‒ остар е. Ножов воопшто не сече. Тој нож сече многу убаво, не го троши лебот. 3. а) Отстранува дел од телото при хируршка интервенција, ампутира. б) Убива, удирајќи со студено оружје. Коњаниците сечеа со ками безмилосно сè пред себе. 4. (прен.) За река, пат и сл. ‒ минува низ нешто и го преполовува. Реката Вардар го сече градот Скопје на два дела. Територијата ја сечат многу асфалтни патишта. Планината ја сечат повеќе патчиња. Суводолицата го сече селото. 5. (прен.) За природна појава: а) За ветер, студ (поретко дожд) ‒ предизвикува чувство на штипење, режење на кожата. Северко сече како со нож. Ветрот сечеше, но тие продолжуваа, не застануваа. б) Молња, секавица. Секавици го сечат небото. 6. (прен., разг.) а) Зборува остро, отворено. Тој го сече секого што не се согласува со неговото мислење. б) Гледа остро, со прекор, со лутина. Го сече со очи да престане да зборува, ама на овој не му текнува. 7. Во игра со карти ‒ разделува на два дела шпил измешани карти. Во оваа партија јас сечам, а тој дели. 8. Е сведок меѓу двајца при обложување со пресекување на фатени раце, обично во имератив. Дај рака да се обложиме! ‒ Сега ти (кон сведокот) ‒ сечи. 9. Прекинува оро, пат и сл. Полицаецот им го сече патот на двајцата непознати. Тој го сече орото меѓу двете моми. 10. Прекинува молк со силен тресок. Громот ја сече тишината. Експлозиите ја сечат тишината. 11. Пресечува водна површина. Чунот ја сече мирната езерска вода. 12. (мат.) Пресечување во една точка или делење на два дела на еден или повеќе геометриски објекти (права, кружен лак и сл.). Трансферзала е права што сече две или повеќе други прави. Кружниот лак ја сече правата. ● се ~ 1. За река, пат, улица и сл. ‒ се вкрстува. Оваа улица со главната се сече под прав агол. 2. (мат.) сп. сече 12. Центарот на ротацијата лежи во точката во која се сечат двете симетрали. Двете линии се сечат во една точка. ◊ (Не) му сече умот ‒ (не) е многу паметен. Покорна глава сабја не сече (посл.). Сече пари ‒ заработува многу пари. Сече турски (или друг јазик) ‒ добро зборува некој јазик. Ја сече гранката на којашто седи ‒ си штети самиот на себе со своите постапки. Сече вени ‒ 1. врши самоубиство со сечење на вените. 2. (ирон.) не се потресува многу за некоја работа. Сече пазар (арх.) ‒ се договара со некого за купување или за продавање. Со едно мавнување дрво не се сече ‒ за да се постигне успех, треба да се вложи повеќе напор. Пушка не го бие, сабја не го сече ‒ храбар јунак, борец за народни прави и слободи. Сече лаф ‒ договара некоја работа со некого. ‖ глаг. им. сечење ср.