седало

Именка, среден род

Значење на седало:

1. Дел од стол, клупа и сл. каде што се седи. Задно седало на пајтонот. Столови со плетени седала од трска.

2. гнездо, седело.

Множина: седала.

Фразеолошки израз / поговорка:

Не гладај го седалото, гледај го пилето ‒ гледај каков е човекот, а не од какво семејство е (богато, сиромашно).

Оригинални податоци:

седало, мн. седала ср. 1. Дел од стол, клупа и сл. каде што се седи. Задно седало на пајтонот. Столови со плетени седала од трска. 2. в. гнездо, седело. ◊ Не гладај го седалото, гледај го пилето ‒ гледај каков е човекот, а не од какво семејство е (богато, сиромашно).