седело

Именка, среден род

Значење на седело:

1. Место каде што лежат кокошките, несат јајца итн. Кокошките правеа седела во јаслите.

2. Живеалиште од слама, прачки и сл. што го прават птиците и некои други животни; гнездо Некое чавче паднало од седело. Штрково седело.

3. (прен.) Семејство, фамилија, дом. Ја даваш ли седело да свијам со неа? Ме скорива од дома и на друго место седело да правам ме тера насила.

Множина: седела.

Изведени зборови:

  • седелце, и. ср. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

На слепото пиле господ му прави седело ‒ на тој што е немоќен, господ му помага. Ќе дојде кокошката на седело ‒ ќе си дојде дома, ќе се смири. Умот му е по страчкини седела ‒ не е сериозен, му лета паметот.

Оригинални податоци:

седело, мн. седела ср. 1. Место каде што лежат кокошките, несат јајца итн. Кокошките правеа седела во јаслите. 2. Живеалиште од слама, прачки и сл. што го прават птиците и некои други животни; сп. гнездо 1. Некое чавче паднало од седело. Штрково седело. 3. (прен.) Семејство, фамилија, дом. Ја даваш ли седело да свијам со неа? Ме скорива од дома и на друго место седело да правам ме тера насила. ◊ На слепото пиле господ му прави седело ‒ на тој што е немоќен, господ му помага. Ќе дојде кокошката на седело ‒ ќе си дојде дома, ќе се смири. Умот му е по страчкини седела ‒ не е сериозен, му лета паметот. ‖ седелце, мн. седелца ср. дем. и хип.