седи
Значење на седи:
1. Е во положба во која долниот дел од телото, обично со свиткани нозе во колената, ја носи тежината на горниот дел. Седи на стол. Седеа на маса. Тие седеа во еден агол од вагонот. Адам седеше под црешата. Не седи на земја!
2. Е без работа, не работи, не е вработен. Многумина и со диплома така седат. Седи дома по цел ден. Таа по цел ден седеше или лежеше. Што седиш тука, стани оди си!
3. (разг.) Се наоѓа некаде подолго време; престојува, живее (во соба, куќа, улица и сл.). Тие седат во градот, а лете одат в село. Ние двете седиме на иста улица. Во прво време дојденците седеа во напуштена куќа на крајот на селото. 4. (прен., разг.) Прилега, личи. Како ми седи фустанот?
Конјугација: седат.
Изведени зборови:
- седење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Кој седи под круша, јаде круши ‒ кој е на место каде што може да се спечали, ќе извлече добивка и за себе. Криво седи ‒ право суди ‒ биди праведен. Ни оди ни седи (стои) ‒ неодлучен човек. Седи како на игли (трње, клинци) ‒ седи немирно, вознемирено, нестрплив е. Седи мадро да не носиш модро ‒ биди мирен за да не бидеш казнет. Седи на два стола ‒ истовремено покажува интерес, работи на две места. Седи со скрстени раце ‒ ништо не работи. Му седи на врат (некому) ‒ 1. го контролира, надгледува. 2. му додева некому со свој проблем, врши притисок да му се реши некое прашање. Ја сече гранката на која седи ‒ си штети самиот на себеси со своите постапки. Седи со здравје ‒ поздрав. Бадијала (џабе, залудо) работи ‒ бадијала (џабе, залудо) не седи ‒ подобро да работиш нешто, отколку ништо. Се мажила мома да не седи дома ‒ 1. се вели за девојка (жена) што не се омажила од љубов. 2. жена што не мисли многу за домаќинството.
Оригинални податоци:
седи, седат несв. 1. Е во положба во која долниот дел од телото, обично со свиткани нозе во колената, ја носи тежината на горниот дел. Седи на стол. Седеа на маса. Тие седеа во еден агол од вагонот. Адам седеше под црешата. Не седи на земја! 2. Е без работа, не работи, не е вработен. Многумина и со диплома така седат. Седи дома по цел ден. Таа по цел ден седеше или лежеше. Што седиш тука, стани оди си! 3. (разг.) Се наоѓа некаде подолго време; престојува, живее (во соба, куќа, улица и сл.). Тие седат во градот, а лете одат в село. Ние двете седиме на иста улица. Во прво време дојденците седеа во напуштена куќа на крајот на селото. 4. (прен., разг.) Прилега, личи. Како ми седи фустанот? ◊ Кој седи под круша, јаде круши ‒ кој е на место каде што може да се спечали, ќе извлече добивка и за себе. Криво седи ‒ право суди ‒ биди праведен. Ни оди ни седи (стои) ‒ неодлучен човек. Седи како на игли (трње, клинци) ‒ седи немирно, вознемирено, нестрплив е. Седи мадро да не носиш модро ‒ биди мирен за да не бидеш казнет. Седи на два стола ‒ истовремено покажува интерес, работи на две места. Седи со скрстени раце ‒ ништо не работи. Му седи на врат (некому) ‒ 1. го контролира, надгледува. 2. му додева некому со свој проблем, врши притисок да му се реши некое прашање. Ја сече гранката на која седи ‒ си штети самиот на себеси со своите постапки. Седи со здравје ‒ поздрав. Бадијала (џабе, залудо) работи ‒ бадијала (џабе, залудо) не седи ‒ подобро да работиш нешто, отколку ништо. Се мажила мома да не седи дома ‒ 1. се вели за девојка (жена) што не се омажила од љубов. 2. жена што не мисли многу за домаќинството. ‖ глаг. им. седење ср.