седиште
Значење на седиште:
1. Единечно место на кое се седи. Сала со 2000 седишта. Седна на задното седиште од автомобилот. Седиштата на пајтонот беа од црвено кадифе. Помошно седиште.
2. Административен центар, место каде што е сместена некоја установа, здружение, фирма, организација, орган на управување. Седиштето на партијата. Седиштето на Сојузот. Седиштето на Комитетот е во Полска.
Множина: седишта.
Оригинални податоци:
седиште, мн. седишта ср. 1. Единечно место на кое се седи. Сала со 2000 седишта. Седна на задното седиште од автомобилот. Седиштата на пајтонот беа од црвено кадифе. Помошно седиште. 2. Административен центар, место каде што е сместена некоја установа, здружение, фирма, организација, орган на управување. Седиштето на партијата. Седиштето на Сојузот. Седиштето на Комитетот е во Полска.