седло
Значење на седло:
1. Кожено седало што се става на коњ при јавање. Дамско седло.
2. Единечно седало на велосипед, мотоцикл, трактор и сл.; седиште.
3. (геогр.) Длабнатинка на планинско било, превој, преслап.
Множина: седла.
Изведени зборови:
- седленце, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
За магаре седло не е ‒ не му прилега, не е достоен за нешто убаво. Самарот е за магаре, а за ат треба седло шиклосано ‒ секој треба да си го знае местото во општеството.
Оригинални податоци:
седло, мн. седла ср. 1. Кожено седало што се става на коњ при јавање. Дамско седло. 2. Единечно седало на велосипед, мотоцикл, трактор и сл.; седиште. 3. (геогр.) Длабнатинка на планинско било, превој, преслап. ◊ За магаре седло не е ‒ не му прилега, не е достоен за нешто убаво. Самарот е за магаре, а за ат треба седло шиклосано ‒ секој треба да си го знае местото во општеството. ‖ седленце, мн. седленца ср. дем.