седне

Глагол, свршен

Значење на седне:

1. Заземе положба на седење; седи Гостите седнаа по масите. Тој седна на креветот да се одмори. Седнавме на земја. По ручекот гостите седнаа да играат карти. Седнавме во една слаткарница да се напиеме кафе.

2. Натера некого да заземе место на стол. Наредникот го седна селанецот спроти своето биро и му се внесе во лицето. Професорката го седна ученикот на првата клупа. Тој ја седна жената во такси и му рече на таксистот каде да вози.

3. (разг.) Почне со некаква работа. Седни веќе еднаш да учиш!

Конјугација: (ќе) седнеа , (ќе) седнев , (ќе) седнел, седнаа , седнав , седнал , седнат , седнат , седнете , седни .

Изведени зборови:

  • седнува, глаг. несв. седнуваат
  • седнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

седне, седнат; седни, седнете; седнав, седнаа; седнал; седнат; (ќе) седнев, (ќе) седнеа; (ќе) седнел св. 1. Заземе положба на седење; сп. седи 1. Гостите седнаа по масите. Тој седна на креветот да се одмори. Седнавме на земја. По ручекот гостите седнаа да играат карти. Седнавме во една слаткарница да се напиеме кафе. 2. Натера некого да заземе место на стол. Наредникот го седна селанецот спроти своето биро и му се внесе во лицето. Професорката го седна ученикот на првата клупа. Тој ја седна жената во такси и му рече на таксистот каде да вози. 3. (разг.) Почне со некаква работа. Седни веќе еднаш да учиш! ‖ седнува, седнуваат несв. ‖ глаг. им. седнување ср.