сее

Глагол, несвршен

Значење на сее:

1. Фрла семе со рака или со некаква машина на подготвена почва за сеидба. Селаните ги сееја нивите со пченица и со јачмен. Таа сееше разни семиња од цвеќе во леите во дворот. Утре ќе сееме на горната нива.

2. Прочистува прашкаст или зрнест материјал (брашно, песок и сл.) преку сито. Домаќинката го сее брашното. Мајсторите го сееја песокот со едно старо сито.

3. (прен.) Шири, растура, распрснува нешто околу себе во големи количини. Војната ги сее луѓето низ светот. Војниците сееја страв. Сее лаги околу себе. Сее раздор.

Конјугација: сеав , сеаја , сеал , сеан, сеат , сеев , сееја , сеејќи , сеел , сеен , сеј , сејте .

Изведени зборови:

  • сеење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Кај не го сееш, таму никнува ‒ кај не се надеваш дека ќе се појави, таму ќе го најдеш. Што ќе сееш, тоа ќе жнееш ‒ како ќе си ги уредиш работите, така ќе ти бидат.

Оригинални податоци:

сее, сеат; сеј, сејте; сеев, сееја; сеел; сеен; сеејќи; сеав, сеаја; сеал; сеан несв. 1. Фрла семе со рака или со некаква машина на подготвена почва за сеидба. Селаните ги сееја нивите со пченица и со јачмен. Таа сееше разни семиња од цвеќе во леите во дворот. Утре ќе сееме на горната нива. 2. Прочистува прашкаст или зрнест материјал (брашно, песок и сл.) преку сито. Домаќинката го сее брашното. Мајсторите го сееја песокот со едно старо сито. 3. (прен.) Шири, растура, распрснува нешто околу себе во големи количини. Војната ги сее луѓето низ светот. Војниците сееја страв. Сее лаги околу себе. Сее раздор. ◊ Кај не го сееш, таму никнува ‒ кај не се надеваш дека ќе се појави, таму ќе го најдеш. Што ќе сееш, тоа ќе жнееш ‒ како ќе си ги уредиш работите, така ќе ти бидат. ‖ глаг. им. сеење ср.