сефте
Разговорен збор, израз.
Само во еднина.
Значење на сефте:
Првата покупка или продажба изутрина или воопшто. Направи ми сефте во дуќанот.Фразеолошки израз / поговорка:
По сефтето се познава денот ‒ по тоа кој, што и колку ќе купи прв во денот, се гледа како ќе оди тој ден трговијата. Аирлија сефтето! ‒ благослов меѓу пазарџии, или поздрав кон пазарџија.
Оригинални податоци:
сефте (само едн.) ср. (разг.) Првата покупка или продажба изутрина или воопшто. Направи ми сефте во дуќанот. ◊ По сефтето се познава денот ‒ по тоа кој, што и колку ќе купи прв во денот, се гледа како ќе оди тој ден трговијата. Аирлија сефтето! ‒ благослов меѓу пазарџии, или поздрав кон пазарџија.