сеир
Архаизам, Разговорен збор, израз.
Значење на сеир:
1. Гледање, посматрање.
2. Забава, разонода, забавна глетка, нешто што заслужува да се види, чудо.
Множина: сеири.
Фразеолошки израз / поговорка:
Гледа сеир ‒ гледа што се случува и не се меша. Чини сеир ‒ гледа, посматра, ужива во нешто, се забавува. Фаќа сеири ‒ гледа, се забавува со посматрање на нешто. Унери и сеири ‒ чуда и забавни глетки. Си прави сеир со умот ‒ си замислува нешто убаво, крои убави планови.
Оригинални податоци:
сеир, мн. сеири м. (арх., разг.) 1. Гледање, посматрање. 2. Забава, разонода, забавна глетка, нешто што заслужува да се види, чудо. ◊ Гледа сеир ‒ гледа што се случува и не се меша. Чини сеир ‒ гледа, посматра, ужива во нешто, се забавува. Фаќа сеири ‒ гледа, се забавува со посматрање на нешто. Унери и сеири ‒ чуда и забавни глетки. Си прави сеир со умот ‒ си замислува нешто убаво, крои убави планови.