сека 1
Значење на сека:
1. безл. За молскавица: молска, светка, испушта силна светлина. Секаше од сите страни, се подготвуваше да врне.
2. (прен.) За очи ‒ блеска од силна возбуда. Очите му секаа, забите му чкртаа, одвај се воздржа да не се вмеша.
3. (прен.) Боде, боли, жега. Во последно време остра болка ме сека во слабините.
Конјугација: секаат.
Оригинални податоци:
сека1, секаат несв. 1. безл. За молскавица: молска, светка, испушта силна светлина. Секаше од сите страни, се подготвуваше да врне. 2. (прен.) За очи ‒ блеска од силна возбуда. Очите му секаа, забите му чкртаа, одвај се воздржа да не се вмеша. 3. (прен.) Боде, боли, жега. Во последно време остра болка ме сека во слабините.