секира

Именка, женски род

Значење на секира:

Орудие за сечење или цепење дрва со тешко железно сечило и дрвена рачка. Ја наостри секирата.

Множина: секири.

Изведени зборови:

  • секириште, и. ср. аугм.
  • секирче, и. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Заранет на секира ‒ многу лош човек, според обичајот куче да се зарани на секира за да биде лошо. Му падна секирата (балтијата) во мед ‒ неочекувано добие нешто, го послужи голема среќа, некому добро му тргнала работата. Ќе падне секирата, ќе го отепа нероден Петко ‒ кога однапред се предвидуваат лоши работи кои можеби никогаш нема да се случат бидејќи во моментот на зборувањето уште нема создадено предуслови ни за добри ни за лоши случувања. Плива како секира по вода (ирон.) ‒ не знае да плива.

Оригинални податоци:

секира, мн. секири ж. Орудие за сечење или цепење дрва со тешко железно сечило и дрвена рачка. Ја наостри секирата. ◊ Заранет на секира ‒ многу лош човек, според обичајот куче да се зарани на секира за да биде лошо. Му падна секирата (балтијата) во мед ‒ неочекувано добие нешто, го послужи голема среќа, некому добро му тргнала работата. Ќе падне секирата, ќе го отепа нероден Петко ‒ кога однапред се предвидуваат лоши работи кои можеби никогаш нема да се случат бидејќи во моментот на зборувањето уште нема создадено предуслови ни за добри ни за лоши случувања. Плива како секира по вода (ирон.) ‒ не знае да плива. ‖ секирче, мн. секирчиња ср. ‖ секириште, мн. секиришта ср. аугм.