секојдневен
Значење на секојдневен:
1. Што станува, што се врши секој ден без промена, што се одвива, што се случува секој ден. Секојдневна работа. Секојдневни обврски. Секојдневни разговори.
2. Што служи за секој ден, обичен, вообичаен. Секојдневна облека.
Членувана форма: секојдневниот.
Изведени зборови:
- секојдневно, прил. Секојдневно одеше на пазар. Секојдневно ја гледаше како излегува од дома.
- секојдневност, и. ж.
Оригинални податоци:
секојдневен, секојдневниот прид. 1. Што станува, што се врши секој ден без промена, што се одвива, што се случува секој ден. Секојдневна работа. Секојдневни обврски. Секојдневни разговори. 2. Што служи за секој ден, обичен, вообичаен. Секојдневна облека. ‖ секојдневно прил. Секојдневно одеше на пазар. Секојдневно ја гледаше како излегува од дома. ‖ секојдневност ж.