секретар

Именка, машки род

Значење на секретар:

1. Лице што ги води правните работи во некоја организација, установа, претпријатие и сл., обично правник. Секретар на претпријатието.

2. Лице што ја води администрацијата на некоја установа, организација, води записници, врши технички работи. Технички секретар.

3. Избран раководител на некоја општествена организација. Секретар на партијата.

4. Во некои земји ‒ министер. Секретар за надворешни работи.

5. Лице што води организациско-извршна работа на организациона единица, редакција и сл. Секретар на редакцијата на списанието. Научен секретар.

Множина: секретари.

Изведени зборови:

  • секретарски, прид. секретарскиот Секретарска служба. Секретарска должност.

Оригинални податоци:

секретар, мн. секретари м. 1. Лице што ги води правните работи во некоја организација, установа, претпријатие и сл., обично правник. Секретар на претпријатието. 2. Лице што ја води администрацијата на некоја установа, организација, води записници, врши технички работи. Технички секретар. 3. Избран раководител на некоја општествена организација. Секретар на партијата. 4. Во некои земји ‒ министер. Секретар за надворешни работи. 5. Лице што води организациско-извршна работа на организациона единица, редакција и сл. Секретар на редакцијата на списанието. Научен секретар. ‖ секретарски, секретарскиот прид. Секретарска служба. Секретарска должност.