секс

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на секс:

Полов живот, полов однос. Сексот како љубовен акт не бил табу во прапочетните времиња.

Фразеолошки израз / поговорка:

Секс-бомба ‒ девојка или жена што го истакнува или го користи својот сексапил.

Оригинални податоци:

секс (само едн.) м. Полов живот, полов однос. Сексот како љубовен акт не бил табу во прапочетните времиња. ◊ Секс-бомба ‒ девојка или жена што го истакнува или го користи својот сексапил.