сектор

Именка, машки род

Значење на сектор:

1. Дел од некое пространство, подрачје. Несреќата се случила во секторот „Б“.

2. Оддел на установа или на организација со определена специјализација. Сектор за играна и уметничка програма на телевизијата. Продажен сектор.

3. Дел од стопанството со определни економски и социјални признаци. Приватен сектор.

4. (воен.) Дел од бојното поле или од операција на поголема воена единица. Источниот сектор на фронтот.

5. (мат.) Дел од круг ограничен од лак и два радиуса. Рамен сектор.

Множина: сектори.

Изведени зборови:

  • секторски, прид. секторскиот Секторски директори. Секторска амбуланта.

Оригинални податоци:

сектор, мн. сектори м. 1. Дел од некое пространство, подрачје. Несреќата се случила во секторот „Б“. 2. Оддел на установа или на организација со определена специјализација. Сектор за играна и уметничка програма на телевизијата. Продажен сектор. 3. Дел од стопанството со определни економски и социјални признаци. Приватен сектор. 4. (воен.) Дел од бојното поле или од операција на поголема воена единица. Источниот сектор на фронтот. 5. (мат.) Дел од круг ограничен од лак и два радиуса. Рамен сектор. ‖ секторски, секторскиот прид. Секторски директори. Секторска амбуланта.