секвенца
Значење на секвенца:
1. (муз.) Повторување на некој мотив на различни степени од скалата.
2. (филм.) Неколку кадри поврзани во заокружена целина.
3. (прен.) Определен редослед на настани, дејствија, броеви и сл.; низа.
Множина: секвенци, секвенции.
Алтернативно: секвенција
Оригинални податоци:
секвенца, мн. секвенци и секвенција, мн. секвенции ж. 1. (муз.) Повторување на некој мотив на различни степени од скалата. 2. (филм.) Неколку кадри поврзани во заокружена целина. 3. (прен.) Определен редослед на настани, дејствија, броеви и сл.; низа.