селекција

Именка, женски род

Значење на селекција:

1. Одбирање, одбир на нешто според позитивни критериуми (што е најдобар, најдобро). Врши селекција на материјалот за новиот албум. За изложбата се врши строга селекција на автори и дела.

2. (биол.) Подобрување на билните и животинските видови и создавање нови по пат на одбирање. Вештачка селекција.

3. (спорт.) Избрана екипа, репрезентација. Нашата селекција во ракомет е најдобра досега. Неговата селекција се покажа како добар избор на играчи.

Множина: селекции.

Изведени зборови:

  • селекциски, прид. селекцискиот -- селекционен, селекциониот Селекциона станица. Селекциска комисија. Селекциона сточарска станица.

Фразеолошки израз / поговорка:

Природна селекција ‒ селекција направена по природен пат. Негативна селекција ‒ одбирање според негативни мерила (што е полош, најлош, полошо, најлошо).

Оригинални податоци:

селекција, мн. селекции ж. 1. Одбирање, одбир на нешто според позитивни критериуми (што е најдобар, најдобро). Врши селекција на материјалот за новиот албум. За изложбата се врши строга селекција на автори и дела. 2. (биол.) Подобрување на билните и животинските видови и создавање нови по пат на одбирање. Вештачка селекција. 3. (спорт.) Избрана екипа, репрезентација. Нашата селекција во ракомет е најдобра досега. Неговата селекција се покажа како добар избор на играчи. ◊ Природна селекција ‒ селекција направена по природен пат. Негативна селекција ‒ одбирање според негативни мерила (што е полош, најлош, полошо, најлошо). ‖ селекциски, селекцискиот / селекционен, селекциониот прид. Селекциона станица. Селекциска комисија. Селекциона сточарска станица.