сели

Глагол, несвршен

Значење на сели:

Пренесува на друго место на живеење; преселува. Тие мебелот го селеа со камиони, а ситните работи ги товареа во колата. Двајца амали го селеа семејството во нова куќа.

Конјугација: селат.

Изведени зборови:

  • селење, глаг. им. ср.
  • се ~ сели, Се пренесува, оди на друго место за живеење; се преселува. Дај ми го делот што ми припаѓа и јас ќе се селам одовде. Ние постојано се селевме додека не купивме куќа. Застудуваше, ластовичките се селеа на југ.

Фразеолошки израз / поговорка:

Се сели на оној свет ‒ умира.

Оригинални податоци:

сели, селат несв. Пренесува на друго место на живеење; преселува. Тие мебелот го селеа со камиони, а ситните работи ги товареа во колата. Двајца амали го селеа семејството во нова куќа. ● се ~ Се пренесува, оди на друго место за живеење; се преселува. Дај ми го делот што ми припаѓа и јас ќе се селам одовде. Ние постојано се селевме додека не купивме куќа. Застудуваше, ластовичките се селеа на југ. ◊ Се сели на оној свет ‒ умира. ‖ глаг. им. селење ср.