село

Именка, среден род

Значење на село:

1. Мало населено место во кое жителите се занимаваат главно со земјоделство и сточарство. Живее на село. Планинско село.

2. (прен.) Населението од такво место. Се собра цело село. Целото село дојде на средбата. Цело село стана на нозе.

Множина: села.

Изведени зборови:

  • селиште, и. ср. аугм.
  • селце, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Врзан поп ‒ мирно село (посл.) ‒ човек може да биде мирен кога ги презел сите мерки на претпазливост. Нашол село без кучиња (та тргнал без стап) ‒ кога нема кој да се спротивстави, непријателот може да прави што сака. Секое село ‒ свој закон (посл.) ‒ секој прави како му чини. Село гори (село се плени), баба се чешла ‒ се случуваат важни работи, некој се занимава со небитни нешта, се однесува безгрижно. Секое село и закон ‒ секој работи како што знае и умее, како што навикнал. Фали село, живеј во град ‒ ги истакнуваат добрите страни на селото, ама сите сакаат да живеат во град. Тоа се шпански села за него ‒ тоа му е сосема непознато. Него в село не го пуштаат, а тој од попот куќата праша каде е! ‒ никој не го цени, а тој се прави важен.

Оригинални податоци:

село, мн. села ср. 1. Мало населено место во кое жителите се занимаваат главно со земјоделство и сточарство. Живее на село. Планинско село. 2. (прен.) Населението од такво место. Се собра цело село. Целото село дојде на средбата. Цело село стана на нозе. ◊ Врзан поп ‒ мирно село (посл.) ‒ човек може да биде мирен кога ги презел сите мерки на претпазливост. Нашол село без кучиња (та тргнал без стап) ‒ кога нема кој да се спротивстави, непријателот може да прави што сака. Секое село ‒ свој закон (посл.) ‒ секој прави како му чини. Село гори (село се плени), баба се чешла ‒ се случуваат важни работи, некој се занимава со небитни нешта, се однесува безгрижно. Секое село и закон ‒ секој работи како што знае и умее, како што навикнал. Фали село, живеј во град ‒ ги истакнуваат добрите страни на селото, ама сите сакаат да живеат во град. Тоа се шпански села за него ‒ тоа му е сосема непознато. Него в село не го пуштаат, а тој од попот куќата праша каде е! ‒ никој не го цени, а тој се прави важен. ‖ селце, мн. селца ср. дем. ‖ селиште, мн. селишта ср. аугм.