семе

Именка, среден род

Значење на семе:

1. (биол.) Репродуктивен орган на вишите растенија, обично сместен во заштитна обвивка, зрно, семка, од кој се развива нова билка. Семе на афион. Ленено семе. Остави пченица за семе.

2. Други делови на растението што служат за размножување.

3. (арх.) Мерка за големина на земјишен посед. Нивата бере пет кила семе. Таа нива е од осум товари семе.

4. Потомство, поколение, род. Ќе се намножи семето негово. Семето негово нема да згасне.

5. Машко семе, течност што ја лачат машките полни жлезди; сперма.

6. (прен.) Никулец, почеток, извор на нешто. Семе на раздорот. Семе на неслогата.

Множина: семиња.

Изведени зборови:

  • семенце, и. ср. (само едн.) дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Семе да не остане ‒ сè да се уништи, да се убие. Да ви се затре семето ‒ клетва.

Оригинални податоци:

семе, мн. семиња ср. 1. (биол.) Репродуктивен орган на вишите растенија, обично сместен во заштитна обвивка, зрно, семка, од кој се развива нова билка. Семе на афион. Ленено семе. Остави пченица за семе. 2. Други делови на растението што служат за размножување. 3. (арх.) Мерка за големина на земјишен посед. Нивата бере пет кила семе. Таа нива е од осум товари семе. 4. Потомство, поколение, род. Ќе се намножи семето негово. Семето негово нема да згасне. 5. Машко семе, течност што ја лачат машките полни жлезди; сп. сперма. 6. (прен.) Никулец, почеток, извор на нешто. Семе на раздорот. Семе на неслогата. ◊ Семе да не остане ‒ сè да се уништи, да се убие. Да ви се затре семето ‒ клетва. ‖ семенце (само едн.) ср. дем.