семејство
Значење на семејство:
1. Основна општествена единица што се состои од лица обединети со брак, крвно сродство или со усвојување и што претставува едно домаќинство; фамилија. Сиромашно семејство. Земјоделско семејство. Многучлено семејство.
2. (прен.) Група луѓе или општествени заедници што ги поврзува некое општо обележје (дејност, интерес, цел и сл.). Семејство на слободољубивите народи. Семејство на екологистите.
3. Група од единки поврзани по некоја линија. Пчелно семејство.
4. Во научната класификација ‒ група сродни нешта; фамилија, семејства на повеќе родови, животни или растенија. Семејство на почви ‒ група почви што имаат слични профили. Семејство на словенските јазици.
Множина: семејства.
Оригинални податоци:
семејство, мн. семејства ср. 1. Основна општествена единица што се состои од лица обединети со брак, крвно сродство или со усвојување и што претставува едно домаќинство; фамилија. Сиромашно семејство. Земјоделско семејство. Многучлено семејство. 2. (прен.) Група луѓе или општествени заедници што ги поврзува некое општо обележје (дејност, интерес, цел и сл.). Семејство на слободољубивите народи. Семејство на екологистите. 3. Група од единки поврзани по некоја линија. Пчелно семејство. 4. Во научната класификација ‒ група сродни нешта; фамилија, семејства на повеќе родови, животни или растенија. Семејство на почви ‒ група почви што имаат слични профили. Семејство на словенските јазици.