семинар

Именка, машки род

Значење на семинар:

1. Практични вежби за студенти по некој предмет или тема во виша или висока наставна установа. Семинар по македонски јазик.

2. Просторија во која се одржуваат овие вежби. Предавањето ќе се одржи во семинарот за славистика.

3. Предавања, вежби и сл. за издигање на квалификациите, продлабочување на знаењата од одредена област и сл. Семинар за сметководители за завршна сметка. Семинар за наставниците по математика.

Множина: семинари.

Изведени зборови:

  • семинарски, прид. семинарскиот Семинарска работа. Семинарски вежби.

Оригинални податоци:

семинар, мн. семинари м. 1. Практични вежби за студенти по некој предмет или тема во виша или висока наставна установа. Семинар по македонски јазик. 2. Просторија во која се одржуваат овие вежби. Предавањето ќе се одржи во семинарот за славистика. 3. Предавања, вежби и сл. за издигање на квалификациите, продлабочување на знаењата од одредена област и сл. Семинар за сметководители за завршна сметка. Семинар за наставниците по математика. ‖ семинарски, семинарскиот прид. Семинарска работа. Семинарски вежби.