семка

Именка, женски род

Значење на семка:

1. Одделно зрно од семето на некои растенија. Семки од лубеница. Семки од пипер.

2. Коската на некои плодови. Семки од кајсии. Семка од праска.

3. (обично во мн.) Печено, солено семе од тиква. Шетаа и грицкаа семки.

Множина: семки.

Изведени зборови:

  • семче, и. ж. мн. семчиња ср., семчичка, мн. семчички дем.

Оригинални податоци:

семка, мн. семки ж. 1. Одделно зрно од семето на некои растенија. Семки од лубеница. Семки од пипер. 2. Коската на некои плодови. Семки од кајсии. Семка од праска. 3. (обично во мн.) Печено, солено семе од тиква. Шетаа и грицкаа семки. ‖ семче, мн. семчиња ср., семчичка, мн. семчички ж. дем.