семожен
Значење на семожен:
1. Што е составен од најразлични видови, најразличен; што има најразлични нешта. Семожни шпекулации. Носеше со себе семожни врзулчиња, бали и ќебиња.
2. Што може сè, сесилен. Семожни директори. Лутиот декември беше семожен.
Членувана форма: семожниот.
Изведени зборови:
- семожност, и. ж.
Оригинални податоци:
семожен, семожниот прид. 1. Што е составен од најразлични видови, најразличен; што има најразлични нешта. Семожни шпекулации. Носеше со себе семожни врзулчиња, бали и ќебиња. 2. Што може сè, сесилен. Семожни директори. Лутиот декември беше семожен. ‖ семожност ж.