сендвич

Именка, машки род

Значење на сендвич:

Две танки парчиња леб премачкани со путер, маст и сл. и со месо, салама и др. меѓу нив. Сендвич со пилешко. Сендвич со кашкавал.

Множина: сендвича, сендвичи.

Фразеолошки израз / поговорка:

Се најде во сендвич ‒ се најде приклештен меѓу две опасности.

Оригинални податоци:

сендвич, мн. сендвичи, избр. мн. сендвича м. Две танки парчиња леб премачкани со путер, маст и сл. и со месо, салама и др. меѓу нив. Сендвич со пилешко. Сендвич со кашкавал. ◊ Се најде во сендвич ‒ се најде приклештен меѓу две опасности.