сенка

Именка, женски род

Значење на сенка:

1. Место заштитено од зраците на сонцето или од некој друг извор на светлина. Седи на сенка. Пладнуваа под дебелите сенки на буките.

2. Темен одраз на нешто образуван од осветлен предмет. Сенките на куќите стануваа сè поголеми.

3. Нејасно оцртување на фигура во темница или магла, силуета. Сенки во далечината, во ноќта.

4. Во сликарството и фотографијата ‒ контрастот меѓу светлината и сенката.

5. (прен.) Трага од нешто. Нема ни сенка од него.

6. Призрак, привидение на покојник. Сенката на смртта.

7. Штит од сонце на капа. Капа со сенка.

8. Шминка во боја што се нанесува на очните капаци.

Множина: сенки.

Фразеолошки израз / поговорка:

Фатил дебела сенка ‒ работно место, служба каде што нема многу работа. Стои, е во сенка на нешто ‒ не се покажува премногу во јавноста, се крие или се прикрива. Оди по него, го следи како сенка ‒ неразделен е од некого. Падне, фрли (лоша) сенка на некого или на нешто ‒ оцрни некого или нешто, некоја работа. Сенка му е ‒ 1. постојано следи, оди по некого, е со некого. 2. се наоѓа под влијание на некого. Шарена сенка ‒ сенка прошарана со сончеви зраци. Му се плаши (бега) од сенката ‒ многу се плаши од некого. На сенката можеш да му згазнеш, не и на среќата ‒ не можеш да му наштетиш, не му можеш ништо. За сенката од магарето се расправаат ‒ спор, кавга за ништо. Има сенка над глава ‒ има заштита (обично за жена со маж). За сенка ‒ за душа, разни предмети и продукти што се раздаваат за душа на покојник.

Оригинални податоци:

сенка, мн. сенки ж. 1. Место заштитено од зраците на сонцето или од некој друг извор на светлина. Седи на сенка. Пладнуваа под дебелите сенки на буките. 2. Темен одраз на нешто образуван од осветлен предмет. Сенките на куќите стануваа сè поголеми. 3. Нејасно оцртување на фигура во темница или магла, силуета. Сенки во далечината, во ноќта. 4. Во сликарството и фотографијата ‒ контрастот меѓу светлината и сенката. 5. (прен.) Трага од нешто. Нема ни сенка од него. 6. Призрак, привидение на покојник. Сенката на смртта. 7. Штит од сонце на капа. Капа со сенка. 9. Шминка во боја што се нанесува на очните капаци. ◊ Фатил дебела сенка ‒ работно место, служба каде што нема многу работа. Стои, е во сенка на нешто ‒ не се покажува премногу во јавноста, се крие или се прикрива. Оди по него, го следи како сенка ‒ неразделен е од некого. Падне, фрли (лоша) сенка на некого или на нешто ‒ оцрни некого или нешто, некоја работа. Сенка му е ‒ 1. постојано следи, оди по некого, е со некого. 2. се наоѓа под влијание на некого. Шарена сенка ‒ сенка прошарана со сончеви зраци. Му се плаши (бега) од сенката ‒ многу се плаши од некого. На сенката можеш да му згазнеш, не и на среќата ‒ не можеш да му наштетиш, не му можеш ништо. За сенката од магарето се расправаат ‒ спор, кавга за ништо. Има сенка над глава ‒ има заштита (обично за жена со маж). За сенка ‒ за душа, разни предмети и продукти што се раздаваат за душа на покојник.