сепак 1
Значење на сепак:
1. За поврзување реченици меѓу кои се воспоставува спротивен сооднос, кој може да биде силно или послабо изразен; за изразување спротивно од очекуваното, со значење: и покрај тоа што. Таа многу сакаше да учи, сепак не се запиша на факултет.
2. Како лексички конкретизатор зад некој спротивен сврзник, за потсилување на спротивноста, во состави од типот: а сепак, но сепак, ама сепак и сл. Многу сакаше да дојде, но сепак не дојде. Многу сакаше да зборува, а сепак не рече ништо.
Оригинални податоци:
сепак1 сврз. 1. За поврзување реченици меѓу кои се воспоставува спротивен сооднос, кој може да биде силно или послабо изразен; за изразување спротивно од очекуваното, со значење: и покрај тоа што. Таа многу сакаше да учи, сепак не се запиша на факултет. 2. Како лексички конкретизатор зад некој спротивен сврзник, за потсилување на спротивноста, во состави од типот: а сепак, но сепак, ама сепак и сл. Многу сакаше да дојде, но сепак не дојде. Многу сакаше да зборува, а сепак не рече ништо.