сепарира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на сепарира:

Оддели, одделува едно нешто од друго (руда, предмети, отпад, овошје и др.). Тука го сепарираме пластичниот отпад од органскиот.

Конјугација: сепарираат , сепарирајќи.

Изведени зборови:

  • сепарирање, глаг. им. ср.
  • се ~ сепарира, Се оддели, се одделува од другите, тежнее да биде сам, да работи, живее и сл. сам, одделно од другите. Тој секогаш се сепарира од другарите.

Оригинални податоци:

сепарира, сепарираат; сепарирајќи св. и несв. Оддели, одделува едно нешто од друго (руда, предмети, отпад, овошје и др.). Тука го сепарираме пластичниот отпад од органскиот. ● се ~ Се оддели, се одделува од другите, тежнее да биде сам, да работи, живее и сл. сам, одделно од другите. Тој секогаш се сепарира од другарите. ‖ глаг. им. сепарирање ср.