серија
Значење на серија:
1. Ред еднородни предмети или појави со ист општ признак, со исти или слични особини, низа од дејства што се одвиваат едноподруго. Серија фотографии од матурската вечер. Серија предавања. Му зададе серија удари. Серија земјотреси.
2. (техн.) Ред производи изработени по еден стандард. Оваа серија фотоапарати се покажа многу добра. Серија автомобили.
3. Емисија на пари или хартии од вредност означена со цифри, низа од поштенски марки, монети од скапоцени метали и сл. издадени во одреден период. Поштата издаде серија поштенски марки со пејзажи од нашата земја. Број и серија на ливчето од лотаријата.
4. Филмови чиешто дејство се одвива во континуитет или со иста екипа актери на иста тема. Серија филмови на тема организиран криминал.
Множина: серии.
Оригинални податоци:
серија, мн. серии ж. 1. Ред еднородни предмети или појави со ист општ признак, со исти или слични особини, низа од дејства што се одвиваат едноподруго. Серија фотографии од матурската вечер. Серија предавања. Му зададе серија удари. Серија земјотреси. 2. (техн.) Ред производи изработени по еден стандард. Оваа серија фотоапарати се покажа многу добра. Серија автомобили. 3. Емисија на пари или хартии од вредност означена со цифри, низа од поштенски марки, монети од скапоцени метали и сл. издадени во одреден период. Поштата издаде серија поштенски марки со пејзажи од нашата земја. Број и серија на ливчето од лотаријата. 4. Филмови чиешто дејство се одвива во континуитет или со иста екипа актери на иста тема. Серија филмови на тема организиран криминал.