сервира 2

Глагол, свршен и несвршен

Значење на сервира:

Во спортот (во тенис, одбојка, пинг-понг) ‒ изведе, изведува почетен удар со кој топката се внесува во игра. Нашиот тенисер сервира прв во третиот сет. Домаќините сервираа лошо за време на целиот натпревар.

Конјугација: сервираат , сервирајќи.

Изведени зборови:

  • сервирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

сервира2, сервираат; сервирајќи св. и несв. Во спортот (во тенис, одбојка, пинг-понг) ‒ изведе, изведува почетен удар со кој топката се внесува во игра. Нашиот тенисер сервира прв во третиот сет. Домаќините сервираа лошо за време на целиот натпревар. ‖ глаг. им. сервирање ср.