сети 1

Глагол, свршен

Значење на сети:

1. Почувствува; испита некакво чувство. Сети силна болка и од тоа се разбуди. Тој сети како му се потат рацете. Сети солено на јазикот.

2. Разбере, сфати; долови. Луѓето ја сетија измамата, но од плачење фајде немаше. Судијата сети за што станува збор, но реши да ги сослуша.

Конјугација: сетат.

Изведени зборови:

  • сеќавање, глаг. им. ср. сеќавање / сетување
  • (се) сеќава, глаг. несв. (се) сеќаваат -- (се) сетува, (се) сетуваат
  • се ~ сети, 1. Се почувствува. На овие зборови таа се сети беспомошна. Тој се сети силен и реши да проговори. 2. Се узнае, се забележи. Тој се сети дека не ќе може да стане.

Оригинални податоци:

сети1, сетат св. 1. Почувствува; испита некакво чувство. Сети силна болка и од тоа се разбуди. Тој сети како му се потат рацете. Сети солено на јазикот. 2. Разбере, сфати; долови. Луѓето ја сетија измамата, но од плачење фајде немаше. Судијата сети за што станува збор, но реши да ги сослуша. ● се ~ 1. Се почувствува. На овие зборови таа се сети беспомошна. Тој се сети силен и реши да проговори. 2. Се узнае, се забележи. Тој се сети дека не ќе може да стане. ‖ (се) сеќава, (се) сеќаваат / (се) сетува, (се) сетуваат несв. ‖ глаг. им. сеќавање / сетување ср.