севдоса (се)
Разговорен збор, израз.
Значење на севдоса (се):
Се вљуби. Севдалино малој моме, / Зошто си ме севдосало.Конјугација: (се) севдосаат.
Изведени зборови:
- севдосување, глаг. им. ср.
- (се) севдосува, глаг. несв. (се) севдосуваат
Оригинални податоци:
севдоса (се), (се) севдосаат св. (разг.) Се вљуби. Севдалино малој моме, / Зошто си ме севдосало. ‖ (се) севдосува, (се) севдосуваат несв. ‖ глаг. им. севдосување ср.