север
Само во еднина.
Значење на север:
1. Една од четирите страни на светот; југ. Собата е на север.
2. Област што се наоѓа во тој правец. Земјите на северот од Европа.
3. Области со студена и остра клима; студени краишта. Луѓето од северот.
4. Северен ветер. Цела ноќ дуваше северот.
5. а) Северни земји и народи. б) (истор.) Север ‒ северни американски држави наспроти јужни. Борба помеѓу Северот и Југот.
Оригинални податоци:
север (само едн.) м. 1. Една од четирите страни на светот; спрот. југ. Собата е на север. 2. Област што се наоѓа во тој правец. Земјите на северот од Европа. 3. Области со студена и остра клима; студени краишта. Луѓето од северот. 4. Северен ветер. Цела ноќ дуваше северот. 5. а) Северни земји и народи. б) (истор.) Север ‒ северни американски држави наспроти јужни. Борба помеѓу Северот и Југот.