сезона
Значење на сезона:
1. Едно од четирите годишни времиња. Зимска сезона. Летна сезона.
2. Време од годината карактеристично за некоја појава, или особено погодно за некоја работа или дејност. Сезона на дождови. Градежна сезона. Театарска сезона. Сезона на годишни одмори. Сезона на лов на лисици.
3. Време на созревање на некои плодови, на земјоделски работи. Сезона на косење. Сезона на лубеници и дињи. Сезона на берење афион.
4. Време кога во природата се одвиваат некои активности кај живиот свет. Сезона на парење.
5. (филм.) Период од една година при снимање на сериски филм.
Множина: сезони.
Фразеолошки израз / поговорка:
Мртва сезона ‒ време кога нема некаква очекувана или претходна активност.
Оригинални податоци:
сезона, мн. сезони ж. 1. Едно од четирите годишни времиња. Зимска сезона. Летна сезона. 2. Време од годината карактеристично за некоја појава, или особено погодно за некоја работа или дејност. Сезона на дождови. Градежна сезона. Театарска сезона. Сезона на годишни одмори. Сезона на лов на лисици. 3. Време на созревање на некои плодови, на земјоделски работи. Сезона на косење. Сезона на лубеници и дињи. Сезона на берење афион. 4. Време кога во природата се одвиваат некои активности кај живиот свет. Сезона на парење. 5. (филм.) Период од една година при снимање на сериски филм. ◊ Мртва сезона ‒ време кога нема некаква очекувана или претходна активност.