шаблон

Именка, машки род

Значење на шаблон:

1. Калап, примерок што се употребува, што служи за добивање други исти или слични примероци. Оваа машина има 35 шаблони за везење. Пластични шаблони. Метални шаблони.

2. (прен.) Определен образец, пример според кој се извршува некаква дејност без промени и креативност. Тој ги создава своите дела според утврден шаблон.

Множина: шаблони.

Оригинални податоци:

шаблон, мн. шаблони м. 1. Калап, примерок што се употребува, што служи за добивање други исти или слични примероци. Оваа машина има 35 шаблони за везење. Пластични шаблони. Метални шаблони. 2. (прен.) Определен образец, пример според кој се извршува некаква дејност без промени и креативност. Тој ги создава своите дела според утврден шаблон.