шах 2
Само во еднина.
Значење на шах:
1. Спортска игра што се игра на 64 полиња (32 бели и 32 црни) и по шеснаесет црни и бели фигури. Секоја вечер играат шах. Натпревар во шах.
2. Кутија, табла, заедно со фигурите на која се игра шах. За роденден ми подари шах со дрвени фигури. Шахот беше украсен со седеф, а фигурите беа од слонова коска.
3. Во шахот – потег со предупредување на противникот дека неговиот крал е нападнат.
Изведени зборови:
- шаховски, прид. шаховскиот Шаховска табла. Шаховски фигури. Шаховски натпревар.
Оригинални податоци:
шах2 (само едн.) м. 1. Спортска игра што се игра на 64 полиња (32 бели и 32 црни) и по шеснаесет црни и бели фигури. Секоја вечер играат шах. Натпревар во шах. 2. Кутија, табла, заедно со фигурите на која се игра шах. За роденден ми подари шах со дрвени фигури. Шахот беше украсен со седеф, а фигурите беа од слонова коска. 3. Во шахот – потег со предупредување на противникот дека неговиот крал е нападнат. ‖ шаховски, шаховскиот прид. Шаховска табла. Шаховски фигури. Шаховски натпревар.