шалвари
Само во множина.
Значење на шалвари:
1. Вид облека што го покрива долниот дел на телото, долги и широки панталони со ногавици собрани на глуждовите. Свилени шалвари. Модерни шалвари со цветен дезен. Шалварите од Турција се изработени од свила и имаат разнобојни дезени.
2. Дел од носија кај некои етноси; широки и удобни панталони, особено како дел од женската облека кај муслиманките. Младоженецот облекува бели, а невестата црвени свилени шалвари.
Оригинални податоци:
шалвари само во мн. 1. Вид облека што го покрива долниот дел на телото, долги и широки панталони со ногавици собрани на глуждовите. Свилени шалвари. Модерни шалвари со цветен дезен. Шалварите од Турција се изработени од свила и имаат разнобојни дезени. 2. Дел од носија кај некои етноси; широки и удобни панталони, особено како дел од женската облека кај муслиманките. Младоженецот облекува бели, а невестата црвени свилени шалвари. ‖ шалварчиња (само мн.) дем. ‖ шалваришта (само мн.) аугм.