шамија
Спореди: марама.
Значење на шамија:
Парче ткаенина што се користи за покривање на глвата или на вратот, еден вид поголема марама; Свилена шамија. Шарена шамија. Црна шамија. Жени со бели шамии на главата.Множина: шамии.
Изведени зборови:
- шамивка, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Симне црна шамија – престане да тагува, да жали по некого. Шамија нема на глава – многу е сиромашна.
Оригинални податоци:
шамија, мн. шамии ж. Парче ткаенина што се користи за покривање на глвата или на вратот, еден вид поголема марама; сп. марама. Свилена шамија. Шарена шамија. Црна шамија. Жени со бели шамии на главата. ◊ Симне црна шамија – престане да тагува, да жали по некого. Шамија нема на глава – многу е сиромашна. ‖ шамивка, мн. шамивки ж.