шампањ
Само во еднина.
Значење на шампањ:
1. Заштитено име на француско пенливо вино од областа Шампања. Во чест на гостите наздравивме со шампањ. Таа го чува овој шампањ за ретки пригоди.
2. (разг.) Секое пенливо вино без оглед на потеклото. Создаваше претстава за своето лажно богатство нудејќи евтин шампањ. За Нова година се отворија стотина литри најразличен шампањ.
3. Боја на шампањ, многу светло белузлаво-жолта.
Фразеолошки израз / поговорка:
Шампањско ќе отвори – ќе слави, ќе се радува.
Оригинални податоци:
шампањ (само едн.) м. 1. Заштитено име на француско пенливо вино од областа Шампања. Во чест на гостите наздравивме со шампањ. Таа го чува овој шампањ за ретки пригоди. 2. (разг.) Секое пенливо вино без оглед на потеклото. Создаваше претстава за своето лажно богатство нудејќи евтин шампањ. За Нова година се отворија стотина литри најразличен шампањ. 3. Боја на шампањ, многу светло белузлаво-жолта. ◊ Шампањско ќе отвори – ќе слави, ќе се радува.