шампион

Именка, машки род

Значење на шампион:

1. (спорт.) Победник, првак во спортски натпревар, во некоја дисциплина или во некој спорт; првенец, првак на државно, европско или светско првенство (во определена категорија или возраст).

2. (разг.) За животно (коњ, пес и сл.) – победник во определена класа, според определени критериуми. Оваа година шампион е шарпланинецот.

3. За определена област во земјоделството, производството на храна и сл. Шампион во најдобро и најголемо производство на праз оваа година е моето село. Годинава Неготино е шампион во производство на бело вино.

Множина: шампиони.

Изведени зборови:

  • шампионка, и. ж. Кон зн.1 и 2.
  • шампионски, прид. шампионскиот Шампионска титула. Шампионски резултати.

Оригинални податоци:

шампион, мн. шампиони м. 1. (спорт.) Победник, првак во спортски натпревар, во некоја дисциплина или во некој спорт; првенец, првак на државно, европско или светско првенство (во определена категорија или возраст). 2. (разг.) За животно (коњ, пес и сл.) – победник во определена класа, според определени критериуми. Оваа година шампион е шарпланинецот. 3. За определена област во земјоделството, производството на храна и сл. Шампион во најдобро и најголемо производство на праз оваа година е моето село. Годинава Неготино е шампион во производство на бело вино. ‖ шампионка, мн. шампионки ж. Кон зн.1 и 2. ‖ шампионски, шампионскиот прид. Шампионска титула. Шампионски резултати.