шапка

Именка, женски род

Значење на шапка:

1. Дел од облеката што ја покрива главата; капа Машки и женски шапки. Црвена шапка. Шапка со цветови. Карирани шапки.

2. Плод од некои растенија (афион, сончоглед и сл.) каде што е сместено семето. Шапките веќе покажуваа дека афионот е за берење. Преработка на сончогледовите шапки во сточна храна.

3. (дијал.) Вид пиперка; бабушка Шапките се редат во тегли и се полеваат со солена вода и киселина. Цела нива шапки.

4. (прен.) Дождовен меур. По дождот останаа шапки, шапки, значи пак ќе врне.

5. (прен.) Нешто што личи на шапка. На врвот од планината белееше шапката. Светилка со шапка. Се појави шапка чад над оџакот.

Множина: шапки.

Изведени зборови:

  • шапче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му симнува шапка – 1. му честита, му признава дека е добар (подобар) во нешто. 2. поздравува со почит.

Оригинални податоци:

шапка, мн. шапки ж. 1. Дел од облеката што ја покрива главата; сп. капа 1. Машки и женски шапки. Црвена шапка. Шапка со цветови. Карирани шапки. 2. Плод од некои растенија (афион, сончоглед и сл.) каде што е сместено семето. Шапките веќе покажуваа дека афионот е за берење. Преработка на сончогледовите шапки во сточна храна. 3. (дијал.) Вид пиперка; сп. бабушка 1. Шапките се редат во тегли и се полеваат со солена вода и киселина. Цела нива шапки. 4. (прен.) Дождовен меур. По дождот останаа шапки, шапки, значи пак ќе врне. 5. (прен.) Нешто што личи на шапка. На врвот од планината белееше шапката. Светилка со шапка. Се појави шапка чад над оџакот. ◊ Му симнува шапка – 1. му честита, му признава дека е добар (подобар) во нешто. 2. поздравува со почит. ‖ шапче, мн. шапчиња ср. дем.